Економија 07. август 2018. / 16:37

САД од денес престануваат било каква соработка со државите, фирмите и поединците кои тргуваат со Иран

САД од денес престануваат било каква соработка со државите, фирмите и поединците кои тргуваат со Иран

Кој и да соработува со Иран, нема да соработува со САД, порача американскиот претседател Доналд Трамп.  Тој на својот твитер налог напишал дека санкциите кои ги вовел се “најригорозните некогаш воведени“.

„Во ноември ќе достигнат уште едно ниво. Кој и да соработува со Иран, нема да соработува со САД. Само барам мир во светот, ништо повеќе!“ – порачал Трамп.

Санкциите на САД кон Техеран, кој ноќеска стапија на сила, се однесуваат на разни сектори, а планирани се и додатни казнени мерки кои ќе ја погодат иранската трговија со нафта.

Другиот дел од санкциите ќе биде воведен на 5 ноември и ќе ги зафати енергетскиот и транспортниот сектор, трговијата со нафта и трансакциите на странските институции во Централната банка на Иран.