Берзата не остана имуна на неуспешниот референдум. Оптимизмот на инвеститорите падна, а тоа повлече и пад на акциите. Ден по референдумското изјаснување вредноста на акциите се намали за 2,3%. Вчера имаше благо поткревање, но денес имаме повторен пад, објави 24Вести.
Берзанските аналитичари велат дека поради политичката неизвесност се уште преовладува и неизвеснот на пазарот на капитал.
„Реакцијата на пазарот на капитал беше очекувана со огледа на тоа што пред одржувањето на референдумот имаше зголемен оптимизам со очекување дека исходот од референдумот ќе биде позитивен и Македонија ќе се придвижи во тој процес на евроатлански интерграции, но поради исходот, првата реакција беше негативна.“ – вели Горан Марковски, КБ Публикум инвест.
Падот на вредноста на акциите некои инвеститори го искористија за брзо купување, па берзата забележува раст на прометот. Аналитичарите велат дека Македонија со години е во период на политичка нестабилноста која негативно се одразува врз плановите на компаниите иако тие годинава покажуваат добри резултати. Но како ќе реагира берзата доколку оваа есен во Македонија има предвремени избори.
„Прашањето не се изборите, туку евроатланската перспектива, дали ќе имаме или ќе немаме таква перспектива. Доколку одиме по тој пат, ќе имаме динамизирање на економскиот раст во наредниот паериод и зголемување на профитабилноста на компаниите.“ – вели Марковски.
Македонската берза во првата половина од годинава бележи зголемување на прометот од 182 насто. Фирмите кои котираат за осум месеци оствариле вкупна нето добивка од 140 милиони евра. Рекоредери во профитот се банките кои за шест месеци остварија 90 милиони евра.