Економија 11. февруари 2021. / 15:49

Производителите на ориз на 23-ти февруари излегуваат на протест

Производителите на ориз на 23-ти февруари излегуваат на протест

Оризопроизводителите од кочанско на 23. февруари ќе излезат на протести.

Со старата земјоделската механизација ќе го блокираат патот Штип-Кочани.

На ресорното министерство и Платежна агенција тие им дадоа рок за исплата на субвенциите до понеделник, но не веруваат дека парите ќе им легнат на сметките.

Тие забележуваат дека откупвачите дебело печелат на нивната мака, им го земаат за 40, а го продаваат од 70 до 120 денари за килограм. Апелираат водостопанство Брегалница навреме да почне со чистење на каналите, за да не се случи ланското доцнење на сеидбата на одредени делови во кочанско поле, а бараат да се реши и проблемот со препаратите за прскање.