Повеќе од 3 месеци вработените во битолскиот Земјоделски комбинат „Пелагонија“ не земале ниту денар. Велат работиме и по 14 часови дневно, а не добивме ниту регрес за годишен одмор.
-Работиме по 12 до 14 часа на ден, а не ни се исплатени плати уште од ноември“, „не сме зеле ниту К-15“ се пожалија вработените од битолскиот земјоделски комбинат „ПЕЛАГОНИЈА,“ кои денеска излегоа на протест. Велат дека не зеле ниту регрес за годишен одмор. Побараа итна исплата, во спротивно се заканија со генерален штрајк-
Менаџментот им вети исплата на дел од ноемвриската и целата декемвриска плата на околу 500 вработени.
Вработените пак велат дека вакви ветувања добиваат секојдневно, и повторно се заканија со генерален штрајк.
Сметката на комбинатот беше блокирана од доверителите, кога во ноевмри лани сопственикот Орце Камчев, како и Цветан Панделевски, член на бордот на директори, беа притворени во случајот на СЈО „Империја.“