Економија 13. октомври 2018. / 16:18

Попладнево на владина седница, скроен е ребалансот на буџетот

Попладнево на владина седница, скроен е ребалансот на буџетот

Владата го скрои ребалансот на буџетот попладнево одкако истиот се најде на владина седница, потврдуваат за тв 24 владин функционер.

Истиот функционер вели во владиниот предлог нема ставка за евентуални избори, но доколку се распишат предвремени парламентарни избори тогаш пратениците ќе интервенираат во текот на постапката за ставка за избори.

Според истиот извор, доколку нема избори, ставката ќе биде за да се помогне на општините. Детали за прекројување на државната каса не се соопштуваат.