Економија 20. јуни 2020. / 15:02

Отворен нов Ургентен центар во Прилеп

Отворен нов Ургентен центар во Прилеп

Денеска беше отворен нов Ургентен центар во Прилеп – создадовме сериозно надграден здравствен систем и со мотивирани здравствени работници ќе излеземе победници во борбата со коронавирусот.

Премиерот Спасовски истакна дека граѓаните добија модерен медицински Центар за тријажа, третман на итни пациенти, амбуланта за преглед на пациентите, просторија за реанимација, за згрижување на рани, како и просторија за давање на терапија, односно дневна болница со шест кревети. Ургентниот центар е опремен со ЕКГ и ЕХО апарати, дефибрилатор, три пациент – монитори, инфузиони пумпи и други апарати неопходни за првата, ургентна интервенција и во него во смени ќе бидат ангажирани 12 доктори и 12 медицински сестри.