Секторот за даноци и такси од Општина Куманово ги информира даночните обврзници, граѓаните навреме да си ги платат данокот на имот, а правните субјекти и данокот на имот и фирмарината, информираа денеска одговорните од секторот.
Оттаму додаваат дека во наредниот период ќе почне дистрибуцијата на решенија за присилна наплата на данокот на имот на физички и правни лица и фирмарина.
– Ги информираме даночните обврзници, физичките и правните лица кои на своја адреса во наредниот период ќе добијат решение за присилна наплата, веднаш да пристапат кон плаќање на наведениот долг во согласност со решенијата за присилна наплата, со што би се избегнала непопуларната мерка – блокада на сметки во деловните банки, изјави овластениот раководител на сектор за даноци и такси, Ненад Стојановски.
Решенијата за присилна наплата на фирмарина, односно назив за деловна просторија веќе се пристигнати, субјектите ги имаат добиено на своите адреси преду АД за поштенски сообраќај Македонска пошта и оние кои не го подмириле долгот од денеска ќе бидат блокирани во деловните банки.