Економија 27. јули 2020. / 22:57

Охрид како Монте Карло: 700 евра за 3 ноќевања!

Охрид како Монте Карло: 700 евра за 3 ноќевања!

Цените за престој во Охрид деновиве го постигнуваат врвот. Според она што може да се види од понудата на Хотел „Лаки“ цената за 3 ноќевања е 700 евра.

Поради забраната за патување во странство заради коронавирусот, Охрид е преполн со туристи, барем така беше изминатата недела. Туристичките и угостителски работници веќе објавија дека хотелските капацитети се исполнети до 10 август.