Економија 22. февруари 2021. / 10:27

Огромен скандал за SHELL: Бизнис партнерот од Македонија им се даде во бегство!

Огромен скандал за SHELL: Бизнис партнерот од Македонија им се даде во бегство!

Со огромен скандал од меѓународни размери се соочува меѓународната компанија SHELL (Шел), која во Македонија влегува преку семејните бизниси на озлогласениот поранешен директор на УБК Сашо Мијалков кој од вчера е недостапен за органите на прогонот.

Минатата година беше најавено влегување на брендот Шел во земјава преку Бест веј оил (Best way oil), компанија која веќе има три бензински станици  – две во Гевгелија односно Смоквица и една во скопска Пинтија. На интернет страницата на Бест веј оил веќе стои дека наскоро ќе бидат отворени бензиски пумпи на нови локации кои ќе работат под брендот Best way oil, Shell coral A.E.

Компанијата Бест веј оил е дел од Бест веј инвестмент групацијата (BWI) зад која стои бизнисменот Сашо Мијалков. Во портфолиото на Бест веј инвестмент освен Бест веј оил се и Девелоп груп, хотел Мериот, Max Bet, ОМ петрол, Поинт оил транспорт, Боречки клуб Јордан Мијалков.

Инаку Мијалков лиценцата за оперирање со овој бренд ја доби од грчката компанија Coral која има 760 пумпи кои оперираат под брендот Shell во Грција. Компанијата оперира и во Кипар, а од 2018 година е присутна и во Србија односно има бензинска пумпа Shell во Белград.

Последните случувања и можното бегство на Мијалков го ставаат под знак прашалник појавувањето на овој бренд во земјава, особено ако се има предвид дека и така нивните операции биле скандализирани во европската бизнис јавност ако се знае дека Мијалков веќе подолго време е под прогон од обвинителство за незаконското прислушување во Македонија но и за други кривични случаи.

Мијалков во скопската јавност со помпа се фалеше за последната заедничка инвестиција со овој светски бренд.