Економија 05. декември 2019. / 13:42

Од следното лето Македонците ќе користат поевтин роаминг со Грција?

Од следното лето Македонците ќе користат поевтин роаминг со Грција?

Од следната летна туристичка сезона граѓаните ќе користат поевтин роаминг со Грција, најави денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Она што можам да го најавам пред стартот на следната летна туристичка сезона е дека имаме соработка со дел од операторите кои функционираат во двете земји и дека граѓаните ќе имаат доста, доста намалени цени за роаминг со Грција, изјави Манчевски, одговарајќи на новинарски прашања по конференцијата посветена на Стратегијата за јавна администрација 2018-2022.