Економија 20. август 2019. / 18:57

Од септември повисоки плати за 5% во образованието

Од септември повисоки плати за 5% во образованието

Владата денеска ја усвои Информацијата за покачување на платите во основното, средното и високото образование во Македонија за 5 отсто почнувајќи од исплата за септември 2019 година и го задолжи министерот за образование и наука Арбер Адеми да ги потпише Спогодбите со Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) за реализација на предвиденото покачување на платите, соопшти Владата.

Со оваа одлука Владата дополнително го задолжи министерот за образование и наука да изготви решение за новите коефициенти за покачување на платите и кај јавните високообразовни установи и јавни научни институти за 5 отсто, почнувајќи од исплата на платата за месец септември 2019 година.