Од денеска граѓаните ќе точат поевтино гориво по одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), па така малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 2,20%.
Согласно одлуката, новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 62,50 денари за литар гориво. Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 – 69,50 денари, а малопродажната цена на горивото ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 72,00 денари за литар.
Според новата одлука, се намалува и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) која во наредните седум дена ќе биде 52,00 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС во истиот тој период ќе биде 35,118 денари за килограм.
Со оваа одлука се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати за околу 1,5 денари во следните седум дена, утврдени согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија од 03.06.2019 година.