Економија 08. септември 2018. / 19:08

Нови детали за тешката сообраќајка кај Плетвар

Нови детали за тешката сообраќајка кај Плетвар

Момче на возраст од околу 20 години е лицето кое попладнево го загуби животот во сообраќајната несреќа која се случи на патот Прилеп-Градско, кај Плетвар.

Во несреќата учествувале автомобил и мотор.

Мотоциклистот на лице место им подледнал на здобиените повреди. Според неофицијални информации во несреќата повредени се уште две лица, најверојатно од автомобилот и се пренесени во прилепската болница, но засега нема детали за карактерот на повредите и нивната здравствена состојба.

Повеќе информации очекуваме по завршувањето на полицискиот увид кој е во тек.