Во Клиничкиот центар протестираат административните работници ангажирани во клиниките. Тие се лути и разочарани бидејќи одлуката за покачување на платите не се однесува и на нив.
Вчера Самостојниот синдикат при Клиничкиот центар постигна договор за покачување на платите за медицинските работници, односно со јануарската плата докторите ќе добиваат од 5 до 10 отсто повеќе, а медицинските сестри, акушеркки, лаборанти, рендген техничари, болничари, транспортери и останатиот персонал ќе добијат покачување од 8 отсто.
Министерството за здравство соопшти дека оваа година ја завршува со успешни преговори и со двата синдикати и дека 2019 година ја почнуваат со зголемување на платите и на лекарите и на медицинските сестри.