Економија

Николовски: Министерството ја следи производствената цена на земјоделските производи

Николовски: Министерството ја следи производствената цена на земјоделските производи

Министерството ќе го објави она што по Закон е надлежно да го следи преку Единствениот пазарен информативен систем и преку ФАДН – системот, изјави денеска министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

„Ние сме надлежни да ја следиме производствената цена на сите земјоделски производи, тоа им го кажавме и на откупувачите и на производителите и сметам дека наиде на одобрување. Кога ќе ги имаме од системот сите пресметки, ќе ја објавиме цената на чинење, односно производната цена“, вели Николовски.

Тој додаде дека во наредниот период, ако е потребно, заедно со производителите и мелничарите ќе се носат нови, дополнителни мерки. Смета дека во овој сектор состојбата е стабилна, а изминатиот период Владата им излезгла во пресрет и на низата барања што ги испорачале земјоделците.