Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на денешното обраќање од собраниската говорница се обиде да им одговори на граѓаните едно од прашањата коишто како што вели најмногу ги интересира – Каде се парите?
Има неколку работи кои треба да се дискутираат во однос на ребалансот на Буџетот.
Прво е вкупните приходи коипто ги има односно она што се собира од граѓаните, а второ се расходите односно она што се троши од страна на Заев и Владата и трето разликата помеѓу едното и другото а тоа е дефицитот. А тоа е секогаш затоа што Владата секогаш троши повеќе отколку што собира, за жал., рече Николоски.
Тој појасни дека вкупните приходи во вториот ребаланс на Буџетот, се на проектирано највисоко ниво во историјата на неависна Македонија и се околу три милијарди и сто деведесет и еден милион евра.
Она што е интересно е дека во проекциите на Владата е дека приходите од вториот ребаланс остануваат на исто ниво како проектираните приходи во првиот ребаланс, кажа Николоски кој воедно и праша дали е тоа реално Затоа што приходите се намалени во однос на иницијалниот план за приходи заради корид-кризата за 423 милиони евра.?
Но она што е значајно е дека се предвидува дека во четвртиот квартал а тоа се октомври, ноември и декември треба да се соберат околу 60 милијарди денари односно околу една милијарда евра од граѓаните што треба да е раст од 6,3 проценти во однос на истите месеци минатата година. Значи оваа година треба за 6,3 проценти да се соберат повеќе пари од минатата година во усови кога минатат година немаше корона-криза. Како ќе се реализира тоа? Веројатно одговорот на сите им е јасен дека тоа нема да се случи. Во тие услови дефицитот ќе е и далеку поголем од она што е проектирано, појасни Николоски.
Тој престпоставува и дека задолжувањето што ќе влијае на зголемувањето на јавниот долг ќе е поголем од проектираното затоа што ќе имаме потфрлање во приходите од по проценка на ВМРО-ДПМНЕ најмалку разлика од некаде стотина милиони евра.
Второто значајно прашање е она што се однесува на буџетските расходи. Односно колку владата ќе троши оваа година. Вкупните расходи во овој ребаланс се за 162 милиона евра повисоки од ребалансот еден, и се на ниво на 4 милијарди и 112 милиони евра. Значи оваа година владата со ваква амбициозна претпоставка за третиот квартал предвидува приходи кои ќе бидат 3 милијарди и 191 милион евра, додека расходите треба да бидат на ниво од 4 милијарди и 112 милиони евра, односно дупка во буџетот некаде околу 960 милиони евра. Историски најголема дупка која што Македонија било кога ја видела во својата независност. Дупка која што треба да ја плаќаат граѓаните, рече Николоски.
Третата работа која што е исклучително значајна, додаде се капиталните расходи кои имаат историски најниска реализација во текот на оваа година.
Истото се случуваше и во 2018-та година повторно за време на влада на Заев, различни се само министрите за финансии. Затоа граѓаните прашуваат зошто не се градат автопати, железници и така натаму. За градежни објекти во првиот буџет беа предвидени 155 милиони евра, а во овој оди дупло надолу на 83 милиони евра во вториот ребаланс. Но, затоа капиталните субвенции на невладини организации се задржуваат скоро на исто ниво со претходниот ребаланс од околу 52 милиони евра. Буџетскиот дефицит оваа година ќе биде 8.4 проценти од бруто домашниот производ. А јавниот долг е 59.3 проценти и со голема можност да оди и до 70 проценти затоа што приходната страна е нереално проектирана во овој буџет, рече Николоски.