Економија 21. март 2020. / 13:26

Николоски: Владата итно да покрие половината од трошоците за секој работник!

Николоски: Владата итно да покрие половината од трошоците за секој работник!

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, предлага Владата итно да покрие половина од трошоците за секој работник, се со цел, за да се спасат повеќе работни места, како последица од глобалниот удар на корона вирусот.

Во фејсбук статус, Николовски вели дека секојдневно илјадници македонски семејства се со неизвесна иднина.

-Илјадници македонски работници не се на своите работни места. Нема град или село во Македонија нема семејство во кое неизвесноста за работните места не е присутна. Компаниите во Македонија од најмалите до најголемите, од мали трафики и козметички салони до големите странски инвестиции се соочуваат со проблеми во својата работа или воопшто не работат. Како резултат на тоа десетици илјади работници се дома, а фирмите се соочуваат со проблеми да им исплатат плата, напиша Николоски.

Потсетува дека со партијата со недели повикув, а денеска повторно тој бара да се донесат итни економски мерки.

-Владата да покрие половина од вкупните трошоци за секој вработен. Вкупните трошоци вкучуваат и плата и придонеси за пензиско и здравствено осигурување како и персонален данок. Понатака потребно е замрзнување на побарувањата на државата по однос на сите давачки на фирмите, како и замрзнување на обврските за кредити. Ова се итни мерки кои се потребни час поскоро за да се зачуваат работните места!, вели Николоски.

Помошта од 5 милиони евра е премала, недозволива, додава тој, само за споредба Албанија само во првиот бран додели помош од околу 370 милиони долари. Економски мерки се потребни веднаш! Секое работно место вреди и мора да се спаси!