Економија 06. октомври 2019. / 19:53

Николоски: Поради односот на Владата три компании ги преместуваат своите фабрики во Србија

Николоски: Поради односот на Владата три компании ги преместуваат своите фабрики во Србија

Три компании што имаа свои фабрики во Македонија, одлучиле да ги градат своите нови погони во Србија, поради тоа што се незадоволни од соработката со македонската влада и од бизнис климата во Македонија, обелоденува Александар Николоски.

Како што појаснува Николоски, таквата одлука на овие компании значи губење на повеќе од две илјади работни места.

Изјава од економската зона во Илинден

Три големи инвестиции кои што веќе се присутни во Република Македонија, донесени во време на претходна Влада на ВМРО-ДПМНЕ иако во своите бизнис планови имаа отворање на втора и трета фабрика во Македонија решија да го направат тоа во Србија затоа што се незадоволни од соработката со оваа Влада и бизнис климата во Македонија. Тоа значи губење на преку 2000 нови работни места. Тоа е тажната реалност во која што живееме денес, во која цвета корупцијата и заради тоа се потребни брзи предвремени избори.

Posted by Aleksandar Nikoloski on Недела, 06 октомври 2019