Малите и средни претпријатија, кои се двигател на македонската економија не добија никаква поддршка од Владата на премиерот Зоран Заев, иако тоа го ветуваа, констатира потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во својата последна колумна за „Независен“.
Иако Заев говореше за поддршка на домашната економија, тоа не се случи. Николоски заклучи дека поддршката постои само за неколку најголеми капацитети, но за малите и средни претпријатија нема ништо.
– Од друга страна, постојано говореа за поддршка на домашната економија, на домашните инвеститори. За жал, неа не ја гледаме. Поддршка има само за неколку најголеми капацитети, но за малите и средни претпријатија, кои се двигател на економијата, неа ја нема. – пишува Николоски и додава дека идниот премиер мора да изврши притисок да им се помогне на малите и средни претпријатија, финансиски и со намалување на административните бариери.
Николоски потсетува дека освен една компанија која инвестирала пред доаѓањето на оваа власт, ниту една друга домашна компанија не е застапена во ТИР зоните. Исто така условите за добивање на државна помош се многу построги за домашните комапнии.
– Дополнително, условите за добивање на државна помош кои се бараат според новите мерки да бидат исполнети од домашните компании се многу построги од барањата кон странските компании во ТИРЗ – пример: постоечка домашна компанија треба да има позитивен бонитет (луѓе и приходи) во изминатите три години за да може дада добие помош по новиот закон за финансиска помош. Вакви услови не се бараат од никоја странска компанија која влегла во зоните. – заклучи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Целата колумна на Николоски може да ја прочитате ТУКА.