Економија 12. ноември 2020. / 11:46

Николоски: Капиталните расходи се на рекордно ниско ниво, а задолжувањето драматично расте

Николоски: Капиталните расходи се на рекордно ниско ниво, а задолжувањето драматично расте

Она што мене ме загрижува е големата економска криза, а доаѓа и Буџетот за 2021 година. Она што е најзабележливо е дека  задолжувањето драматично расте, изјави  потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски, во емисија на ТВ 24.

Клучниот проблем за мене е дека тоа задолжување не се троши паметно, затоа што капиталните расходи, односно, инфраструктура, патишта, железници за оваа година се на рекорно ниско ниво од само 7% од Буџетот, а нешто слично и за следната година што покажува дека нема визија во тој дел, затоа што ова задолжување  да се искористи во инфраструктура , парите народски ќе се свртат   4- 5 пати, , ќе отидат во 30 сектори, многу луѓе ќе бидат ангажирани и ќе можат да се создаваат трајни вредности, а автопатите остануваат за генерации напред. Доколку се поделат  парите како што се делат до сега, во картички итн, тие брзо се трошат и граѓаните повторно имаат проблем. Мислам дека ѓраѓаните подобро е да работат 12 месеци за одредена плата, отколку  три месеци да добие поддршка без да работи“ истакна Николоски.

Ќе направам споредба со двете претходни кризи од 2008 и 2011 година. Во 2008- та година со светска криза нивото на задолженост беше   25 % од БДП, а капиталните расходи се скоро 15%,  а во 2011 година  задолженоста е 32%, а капиталните инвестиции се 12, 5%. А во 2020 година , задолженоста е скоро 60 % , а капиталните расходи се само 7% , и јасно е дека задолженоста  расте, а парите не одат во капитални расходи, што по мене е најдобар начин за заживување на економијата. Затоа треба да има Влада за национален спас, изјави  Николоски.