Економија 15. March 2019. / 18:09

Николоски: Економскиот раст е 0, инфлацијата го сузбива

Николоски: Економскиот раст е 0, инфлацијата го сузбива

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вчерашното гостување на МТВ, целосно ги разобличи економските резултати на оваа Влада.

Прво тој зборуваше за т.н. раст на бруто домашниот производ. Николоски објасни дека растот на БДП е всушност нула, бидејќи Владата не ја покажува инфлацијата, а токму растот е изведен од инфлацијата.

– Раст испод 3 посто е раст којшто природно се случува и којшто ја гради инфлацијата, затоа што Владта го покажува само растот на БДП, а не ја покажува инфлацијата. Инфлацијата е секогаш помеѓу 2 и 3 проценти. Ако вие имате раст од 2,7 проценти, колку што е објавен за минатата година, тоа е раст којшто е изведен од инфлација и на крај завршувате на нула. – изјави Николоски и потсети дека Владата ветуваше раст од 4, 5, па дури и шест проценти.

Понатаму потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ говореше за огромниот јавен долг. Според податоците јавниот долг, всушност ја надмина психолошката граница од 50 проценти, а оваа власт, за две години успеа да го зголеми за 12 проценти.

– Во моментов, јавниот долг надмина 5 милијарди евра, со што ја надмина психолошката граница од 50 проценти. Во време на ДПМНЕ беше 36, 37 и 38 проценти и овие за две години успеа да го зголемат за 12 проценти или во пари, се задолжиле за плус милијарда и 200 милиони евра. – кажа Николоски.

Капиталните расходи се уште еден показател за неспособноста на Владата. Николоски објасни дека дел од парите што Владата ги собира од даноците, одат во капитални инвестиции. Оваа власт, според него, не е способна да ги потроши парите наменети за капитални инвестиции.

– Капиталните расходи којшто се двигател на економијата затоа што ние сме мала држава, минатата година беа под 50 проценти, во јануар месец, само еден процент. Поедноставно Она што Владата го прибира дел го троши во инвестиции од типот на патишта, водоводи, канализации, мостови и.т.н. Парите кои што Владата ги собира не е способна самата да ги потроши. Автопатиштата беа дел од кредит и тоа не е дел од капиталните расходи во буџетот, во буџетот капитални расходи одат само од она што се прибира како данок. – констатира потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Николоски наведе неколку примери, конкретно патиштата Кичево-Охрид и Скопје-Штип, со што се потврдува претходното.

– Прво не беа способни да решат една две работи кои што  нормална се случуваат при изградба на патишта, Преговараа и лани донесоа закон во Собранието за кој што енормно ги зголемија износите. На пример, Кичево-Охрид стана од 370 милиони евра, 500 милиони евра. – кажа тој и додаде дека овој пат со проекциите на претходната власт требало да биде готов досега, а со оваа динамика, тој смета дека тешко ќе биде пуштен во употреба во наредните 10 години.

За патот Скопје-Штип, Николоски посочи дека веќе пет пати се обидуваат да го пуштат, пет пати не успеваат да го пуштат, што повторно ја отсликува неспособноста која што ја има оваа Влада.