Народната поговорка вели „брзата кучка слепи кутриња раѓа“, тогаш зошто СДСМ брзаше по секоја цена да ја озакони откупнината на гасоводот ГА-МА од партнерот на државата АД Макпетрол и да плати 33 милиона евра, пишува Нетпрес.
Значи, не може да се оспори партнерството како партнерство на Макпетрол во ГА-МА, додека процентуалната поставеност и вредност треба да ги оценат стручни служби без притисоци и обиди за поткуп. Од друга страна, прашање е како е одредено обесштетувањето за нешто што на хартија постоеше како голем проект, а во пракса не проработи и не го донесе пресвртот во користењето на енергенсите, односно зголемување на еколошките капацитети на државата. Во пракса е востановено дека постои категоријата „амортизираност“, иако самата власт вели дека вредноста на влогот на Макпетрол е 18.8 милиони евра, тогаш како истата пораснала за уште 14.2 милиони евра и на оваа компанија и исплаќа екстра пари.
Може само да претпоставуваме каква е заднината на ова зделка. Дали со државни пари Зоран Заев купува нешто што треба да проработи по некое неодредено време, за после пак да биде продаден, но сега на странски вложувач? Така ќе си обезбедат двојна бизнис корист, и од сегашниот продавач и од идниот купувач. Нема ништо да не зачуди ако гасоводот послужи и за политичко поткусурување со некој од соседите, односно уште повеќе да си го дадеме задникот под наем.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ тврди дека со 33 милиони евра СДСМ си го купува стрмоглавиот пад и паѓањето од власт. Затоа од оваа партија ќе речат дека најновата анкета на Телма го открива стравот на Заев од Мицкоски, како најголема закана за власта.
Според ВМРО-ДПМНЕ, анкетата со помош на ТВ Телма треба да покаже дека лидерот на партијата Христијан Мицкоски слабо стои, за да се прикрие урнисаниот рејтинг на власта на СДСМ и Заев.
Колку можат Макпетрол и Телма да го спасат Заев од пропаст?
Во СДСМ се забележуваат расчленувања по лошата и понижувачка политика во односите со Бугарија и крахот за почеток на преговорите со Европската унија. Така што се почесто може да се видат лажни кои ги шират преку медиумски зависници.
Како што нагласивме, резултатите за власта се разочарувачки, будејќи понудениот заклучок од нарачателите на анкетата го проблематизираат и одговорите на прашањето „Колку сте согласни со Анекс на Договорот за добрососедство со Бугарија, за гаранции на немање територијални претензии и за немешање во внатрешни работи, без навлегување во други вклучително и национални и идентитетски прашања?“. Притоа убедливо најбројни се испитаниците кои рекле дека воопшто не се согласуваат (43,6 отсто), а заедно со оние кои „донекаде“ не се согласуваат чинат мнозинство од граѓаните или 61,9 отсто. Целосно или донекаде со оваа идеја, пак, се согласуваат третина од испитаниците (33,5 отсто).
Иако скапо платената анкета требаше да им го подигне рејтингот на Заев и на СДСМ, таа откри дека Владата има убедливо најмала доверба во однос на која било друга влада во првите сто дена. Имено средната оцена на граѓаните за работата на Владата во првите сто дена дена е 2,46, а на прашањето „Како ги оценувате 100 дена работа на Владата“ со најслабата оцена 1 ја оцениле и најмногу испитаници – 35,3 проценти, со 2 – 19,4 проценти, со 3 – 20,1 проценти, со 4 – 14,2 проценти и со 5 – 11 проценти од испитаниците.
Така, криминалот, рецесијата и ветото Заев го чини доверба, а Мицкоски е посамоуверен во туркањето на Заев од власт. Како никој до сега, излегуваше со конкретни предлози за помош на власта, оти очигледно не ги бидуваше и за економија и за справување со корона-кризата.
Иако анкетата дава блага предност на СДСМ, всушност ВМРО-ДПМНЕ по сто дена се враќа со повисок рејтинг кај Македонците, а Албанците со помала доверба кон СДСМ.
Целиот текст прочитајте го на Нетпрес.