Економија 19. март 2020. / 23:24

Ненадеен стечај во фирма на Анѓушев остави 110 работници на улица

Ненадеен стечај во фирма на Анѓушев остави 110 работници на улица

Во петок на пладне, раководителот на „Каст Инвест“ на работниците им соопштил дека фабриката оди во стечај и дека од понеделник веќе нема да доаѓаат на Станува збор за фирма ќерка на фирмата „Брако“  на пораншениот вицепремиер Кочо Анѓушев. Освен него, сопственици на „Каст Инвест“ се уште тројца други лица.

Работниците, кои денеска излегоа на протест пред фирмата, пред камерата на ТВ21 кажаа дека ништо не навестило на ваква одлука и дека се зачудени од брзиот развој на настаните.

Јас овде работев 20 години, цела моја сила ја оставив тука. Не тераа овие цевки да ги направиме што побрзо, го продолживме и работното време, само да се заврши што побрзо. Единствено нешто што бараме е да ни дадат потврди и плати, останавме на улица, ние дома сме 6-мина, сите чекаат од мене, немам каде да одам на друго место – вели за ТВ21 работникот Самет Асани.

Бараат само една и пол плата што ја немаат земено, а причините за стечај што ги оставија овие 110 работници на улица, ниту тие не ги знаат. Директорот на производство, иако не знае сигурно, се сомнева дека стечајот е причина на некои работи кои не се сработени како што треба.

ТВ21 се обидела да стапи во контакт со директорот Перо Колев, но одговор не добиле ни од него ни од неодамнешниот вицепремиер.