Економија 15. јули 2019. / 18:32

Нефи кој има дивоградба во Охрид, се пријавил да добие тендер за рушење дивоградби во Охрид

Нефи кој има дивоградба во Охрид, се пријавил да добие тендер за рушење дивоградби во Охрид

Меѓу двете компании кои доставија понуди на тендерот за избор на фирма која ќе ги руши дивоградбите во Охрид е и фирмата на советникот Нефи Усеини, сопственик на дивоградбата пред чинарот која деновиве крева многу врева во јавноста.

Усеини во разговор за тв24 потврди дека учествува на тендерот со неговата фирма Нефи ИК. Денеска во општината Охрид беа отворени понудите на тендерот, а во конкуренција за избор е уште една фирма, пренесува 24.mk.

Усеини пред неколку дена направи јавно отварање на неговата пицерија од која дел е дивоградба, а на отворањето присуствуваше и струшкиот градонашалник Мерко. Градоначалникот на Охрид пак, Константин Георгиевски најави дека дивоградбата ќе биде отстранета веднаш штом се создадат услови. Како една од причините за досегапшното непостапување беше наведнео и тоа дека се уште не е избрана фирма за уривање.

И архитектите и планерите апелираат дека дивоградбите од ваков карактер директно се косат со препораките на Унеско. Ако се случи фирмата на Усеини да победи на тендерот, што ќе биде познато многу брзо, тоа ќе значи дека тој сам ќе треба да си ја урива својата дивоградба за што општината Охрид ќе плати пари на неговата компанија.

Компанијата Нефи ИК е основана во јануари 2010 година. Минатата година имала нето добивка од 305 илјади евра, а во 2017 година истата компанија имала добивка од 18,8 илјади евра. Тоа значи дека Усеини за една година имал зголемување на добивката за 1,520 проценти. Компанијата на советникот Усеини – изминатите години активно соработувала со охридските и струшките јавни претпријатија, за што има инкасирано неколку стотици илјади евра.

Целиот текст на на 24.мк можете да го прочитате ТУКА.