Економија 10. февруари 2020. / 18:22

Мукоски пред да гласа за Законот за јавно обвинителство доби милионски тендер

Мукоски пред да гласа за Законот за јавно обвинителство доби милионски тендер

Одметнатиот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски кој гласаше за промена на името и поради тоа беше исклучен од партијата, а деновите е актуелен затоа што е еден од одметнатите кој ќе гласа за новиот закон за jавно обвинителство доби тендер.

Имено неговата компанија ,Атриум ДОО” од Вевчани доби тендер од државното акционерско друштво за изградба и стопанисување со деловен простор.

На 30 декември 2019 година неговата компанија ,,Атриум ДОО” од страна на државното акционерско друштво за изградба и стопанисување со деловен простор доби тендер за изградба на објект во Свети Николе во вредност 76.960.351 денари или 1.251.000 милиони евра.

Ова не е прв добиен тендер на компанијата на Муковски, која имаше добиено уште два тендери едниот во 2017 а другиот во 2018 година co вредност од 1,7 милиони евра.