Осуманесет возила „Дачија“ и 300 компјутери во вкупна вредност од 1,4 милиони евра доби денеска Министерството за земјоделство од Европската Унија, пренесе 24Вести.
Четиринаесет од возилата се наменети за платежната агенција, а четири за министерството, додека компјутерите се за администрацијата. Министерот Љупчо Николовски дополнително посочи дека преговорите за увозот на српско брашно е можно да завршат со целосно укинување на маркичките.