Економија 28. август 2020. / 10:16

Мицкоски за Денот на македонските рудари: Посакувам секој еден од вас да си го сочува своето работно место и започнеме да градиме иднина

Мицкоски за Денот на македонските рудари: Посакувам секој еден од вас да си го сочува своето работно место и започнеме да градиме иднина

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска го честиташе и денот на македонските рудари оние кои со мака, труд и посветеност заработуваат за своите семејства и својата иднина.

Посакувам во овие тешки мигови за нашата држава да имате работа, да ве следи добро здравје и да сте задоволни од сработеното и заработеното. Знам дека многумина од вас чувствуваат несигурност во услови кога за 5 месеци останаа 40 илјади работници без работа. Тоа е голема болка и страдање за многу семејства кои изгубија егзистенција. Посакувам секој еден од вас да си го сочува своето работно место и започнеме да градиме иднина. Македонија е нашиот заеднички дом кој сите без разлика на етничката и верска определба мораме да го чуваме и да го градиме, спротивставувајќи се на модерните предизвици како криминалот и корупцијата кои го разјадуваат и уништуваат. Домот и семејството се светост, а Македонија и македонската нација се тоа и затоа вреди секој да се посвети во чување на нашите светости. Нека е за многу години празникот. Нека е жива Македонија, вели Мицкоски.