Економија 04. јануари 2021. / 16:54

Мицкоски: Владата да излезе со гарантирана цена и дополнителна субвенција за тутунот, се друго е измама на Заев

Мицкоски: Владата да излезе со гарантирана цена и дополнителна субвенција за тутунот, се друго е измама на Заев
Тутунарите незадоволни протестираа пред Владата 4.01.2021

Велат, само тие кои работеле тутун можат да знаат каква мака е. 2 месеци го гледаме Зоран Заев и надлежните како буквално ги лажат тутунарите водејќи ги кон ѕид, само за да им го откупат тутунот, речиси за без пари, напиша лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на ФБ.

-Постојаното лажење и средбите со тутунарите на кои им се ветува сѐ, а потоа ништо не се реализира. Требаше да ги подели земјоделците, за локалните моќници на власта да печалат на маката на чесниот народ. Додека домашниот тутун седи неоткупен, Владата минатата година дозволи увоз на тутун кој беше поскапо платен од домашниот, вели тој.

Нема да дозволиме на потта на земјоделците да печалат локалните олигарси, по смена на власта ова ќе биде детално анализирано, не само од министерството за земјоделие туку и од истражните органи. Оваа земја се темели на работливиот народ.Како човек, но и како лидер на ВМРО-ДПМНЕ давам безрезервна поддршка на тутунарите.

Веднаш Владата да излезе со гарантирана откупна цена и дополнителна субвенција за земјоделците. Сѐ друго е уште една измама на Заев, напиша Мицкоски.

Кочо Рацин во „Тутуноберачите“ ќе напише:

“На кантар студен со туч го мерат
а можат ли да го измерат,
нашиов тутун —…

Posted by Hristijan Mickoski on Monday, January 4, 2021