ВМРО-ДПМНЕ и целиот интелектуален и експертски тим седи зад еден голем проект. Проектот се нарекува Обнова. Обнова со над 1000 проекти за секого. Главниот фокус на Проектот обнова на Македонија се економијата, претприемништвото и поддршка на бизнисот, а целта е едноставна, повеќе пари за секого. Ние мораме преку индустријализација и константен економски развој да постигнеме стандарди базирани на вредности. На народот му се потребни пари, наместо демагогија, а на државата работа и резултати, наместо неспособност и порази, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната промоција на програмата „Обнова“ со која партијата излегува на претстојните парламентарни избори.
Тој нагласи дека не се потребни мали придвижувања, туку големи чекори напред и големи победи.
Затоа се обврзувам на раст на БДП од 4 до 5% секоја година, невработеност под 10 осто, повисоки плати за 25%, ниски даноци, најниски во Европа од 8%, воведување на индустријализација која ќе донесе повеќе пари за секого. И верувам и знам дека македонската економија можеме да ја направиме да биде прва на Балканот, рече Мицкоски.