Економија 26. март 2019. / 21:08

Мицкоски откри: Роднини на Заев отвораат фирми во Бугарија, а не во Македонија

Мицкоски откри: Роднини на Заев отвораат фирми во Бугарија, а не во Македонија

Фирми на роднини на премиерот Зоран Заев биле отворени во Бугарија и се занимаваат со градежништво, откри лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Дури ни роднините не веруваат во економските мерки на оваа држава, рече Мицкоски откако го запраша пермиерот дали му се познати некои фирми основани во Бугарија.

Станува збор за фирмите „Гомасиндра“ на Трајче Заев, „Радиша Трејд“ на Радиша Заев и „Оридент Груп“ која е во сопственост исто така на Трајче Заев.

По ова Заев се налути и започна да зборува како нивните фирми се пример во државата и повторно се наврати на тоа дека Мицкоски бил вработен во факултетот каде што работи неговиот татко.