Економија 07. декември 2020. / 22:31

Мицкоски: Од економските лекции на Заев Македонија влезе во рецесија

Мицкоски: Од економските лекции на Заев Македонија влезе во рецесија

Тешко на народот и на државата кога Зоран Заев држи лекции. Од неговите економски лекции Македонија влезе во рецесија, а од историските лекции цела држава се држи за глава, напиша на „Фејсбук“претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Во светот ни се смеат и нѐ жалат за неговиот “рајхТ” и “администрација”.

Сега време е Заев да научи една лекција: Колку побргу смени професија, толку подобро за граѓаните на Македонија. Неговите лекции се страдање за народот, едноставно цената на неговите лекции ги плаќаме прескапо.

Ако е од Заев премногу е. Ги видовме неговите лекции, време е да добие лекција од народот!, напиша Мицкоски.

Тешко на народот и на државата кога Zoran Zaev држи лекции. Од неговите економски лекции Македонија влезе во рецесија, а…

Posted by Hristijan Mickoski on Monday, December 7, 2020