Економија 08. април 2018. / 09:43

Мицкоски: Народот има помалку пари од лани благодарение на Заев

Мицкоски: Народот има помалку пари од лани благодарение на Заев

Народот се помалку има пари и се помалку троши – напиша Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во својот Фејсбук статус упатен до премиерот Зоран Заев, кој во интервју за МИА вели дека економијата оди напред. Јавната потрошувачка е намалена за 45 милиони евра во првото тромесечие оваа година, во однос на првото тромесечие лани. Тоа значи дека граѓаните се помалку имаат пари. Оваа информација ја знае Заев и секојдневно му доаѓа на маса, но не ја споделува со јавноста.

Лекцијата на Заев што ја чувствува народот е криминал, неспособност и владеење со страв, пишува Мицкоски.

„Дојде до таму работата Заев да дели лекции за економија, но не разбира дека рибата не само што мириса од главата, или опашката како што милува Заев да каже, туку мириса цела. Господине Заев бидејќи народот ја гледа и чувствува вашата лекција полна со криминал, терор, бизниси по теркот евро за Вицето, евро за црквата и патем фалење дека на истиот принцип се завршиле и земјиштата на „Ваанто, Сашeто и она зад Мирчо Свињарнико“ неспособност, не знаење и владеење со страв, сега јас како професор со повеќегодишно искуство да Ви ја кажам мојата, онаа вистинска, која ја споделува целата јавност… економијата тоне, а народот е осиромашен“, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил.

Тој во продолжение пишува дека поголемиот број на проекти со кои се фали Заев, се проекти на ВМРО-ДПМНЕ и дека нема ниту автентични проекти за овие 10 месеци.

– Што се однесува до инвестициите, не е убаво да се игра на картата на кратко помнење, иако со сила од Владата се прават дека не знаат, но народот памети. Па доволно е ако ништо друго да отворите Google и ќе видите дека Лимак е во Македонија уште пред неколку години, измените на урбанистичките планови за градежната парцела на Скопски Саем се направени од минатиот градоначалник на Гази Баба… и уште редици други инвестиции. Салдото за странски инвестиции е помало за 100 милиони евра споредоно со минатата година, напиша Мицкоски.
Тој порача дека рано утрово ќе се причести како што доликува на еден верник, и на сите кои го слават овој голем христијански празник им посака пред се, здравје, среќа и радости. Доаѓа многу скоро денот кога народот ќе даде одговор на вашите лекции и конечно ќе ги испрати тразиционите политичари во историјата.