Денеска лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски беше на средба со компаниите кои се членки на комората на Северо-западна Македонија. Тој рече дека бизнис заедницата има партнер во ВМРО-ДПМНЕ.
– Она што можевме да го слушнеме еве го пренесе претседателот на Комората, директно дека количината на помош и начинот на таа помош кој што се рефлектира од страна на владата до бизнис заедницата е недоволна и дека е потребна да биде уште поголема за да можат да опстанат, или пак сосема доволно би било оние долгови кои што државните компании ги имаат или локалните компании кои што ги имаат кон бизнис заедницата да бидат навремено сервиси и исплатени. Тогаш никаква помош не би била потребна, ниту пак компаниите би зависеле од таков тип на помош. Но, за жал тоа не се случува, обидот практично да се злоупотребува Буџетот и високото ниво на криминал и корупција, 111 место или би рекле ние сме лидери во регионот на нивото на криминал и корупција според последните извештај на реномирани светски агенции, вели лидерот на опозицијата.
Тој додава дека според реномирани светски весници сме хибриден режим, и во услови кога имате хибриден режим кога имате високо ниво на корупција тогаш нормално е дека многу тешко ќе му оди на бизнисот.
– Целта на овој состанок е подготовка на програмата на ВМРО-ДПМНЕ на потенцијалните кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори, имајќи во предвид дека Македонија е практично една од трите држави со најнизок степен или најнизок процент на поддршка на бизнис заедницата во овој период би рекол борба против КОВИД пандемијата, едвај 3 ипол проценти бидејќи државата се задолжи за една милијарда, милијарда и сто милиона, а во суштина самиот вицепремиер кажа дека се потрошени и стигнале до бизнис заедницата и до граѓаните помош од прилика од 350 милиони. Прашањето е каде отидоа останатите 650, 750 милиони евра?, прашува Мицкоски.
Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ останува посветено да работи со бизнис заедницата со стопанските комори.
– Очекуваме голема граѓанска и општествена поддршка и најголем број кандидати за градоначалници од страна на Коалицијата која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ да победат на следните локални избори. Бизнис заедницата има партнер во ВМРО-ДПМНЕ, ќе го повторам тоа што сум го кажувал во минатото ова се, современите патриоти и херои, луѓе кои што обезбедуваат плата во екстремно тешки услови. Јас секогаш кај овие луѓе ја стегам цврсто раката и во мене како човек имаат поддршка, не само како претседател на најголемата политичка партија, туку и во иднина кога ќе ја пред водиме Владата на Република Македонија, вели Мицкоски.