Економија 16. јануари 2021. / 11:41

Македонија во рецесија, Петров троши 200 илјади евра за интервуја: Плаќа ли СДСМ партиски кампањи со државни пари

Македонија во рецесија, Петров троши 200 илјади евра за интервуја: Плаќа ли СДСМ партиски кампањи со државни пари

Македонската економија со два последователни негативни квартала, во декември 2020 година и официјално влезе во рецесија, граѓаните ги губат работните места, едвај го преживуваат месецот, а директорот на ФИТР, Коста Петров снима интервјуа за кои потпишал договор од 200 илјади евра.

„ФИТР Интервју“ е нов концепт на ФИТР кој ги промовира како што се вели оттаму докажаните претприемачи, а исто така се охрабруваат сите кои размислуваат да почнат сопствен стартап бизнис, но се отвора прашањето дали всушност со државни пари, владејачката СДСМ плаќа партиски кампањи.

Фондот кој тврди дека е транспарентна институција потпишал договор од речиси 200,000 евра со две маркетинг агенции: „Бригада Дизајн“ и „Њу Момент“.

Агенцијата „Бригада дизајн“ е сопственост на советникот во Град Скопје од СДСМ, Бојан Ивановиќ кој е и бизнис партнер на Јани Макрадули во фирмата „Смарт агенда“. Важно е да се напомене дека иако овој договор „Бригада Дизајн“ го добила на тендер, во 2018 година истата агенција без тендер добила две јавни набавки во вредност од над 40 илјади евра, а за тоа пишуваше и Лидер.

Во описот на работното место на Петров како директор на ФИТР не се предвидува да учествува во медиумска содржини за промотивни цели, а тој снима интервјуа за кои Фондот треба да исплати 200 илјади евра државни пари  на компанија во сопственост на партиски член на СДСМ но и партнер на  генералниот директор на „Пошта“, добро познат на јавноста Јани Макрадули.

Ако целта на интервјуата не била првенствено да се промовира работата на Фондот и на директорот преку интервјуата на млади иноватори што добиле државна поддршка за нивните иновативни идеи, тогаш е најасно зошто меѓу првите тројца интервјуирани нема ниту еден иноватор, кој досега бил одбиен да добие помош од Фондот за иновации.

Петров на тоа одговара дека за нив веќе имаат смислено менторска програма, која ќе ги обучува како во иднина подобро да ги презентираат нивните иновативни идеи и да ги пополнат нивните апликации, и како полесно да дојдат до средствата од Фондот.