Економија 16. февруари 2020. / 09:42

Македонија последна во Европа во одгледување органска храна

Македонија последна во Европа во одгледување органска храна

Последна во Европа е земјава според статистиките за органско земјоделство во 2018 година, покажува Евростат.

Обработените податоци за 100-процентното органско земјиште, вклучувајќи пасишта и ливади, укажуваат дека македонското органско земјоделство со само 0,35 отсто од вкупното земјоделско производство е далеку под просекот на ЕУ кој изнесува 7,5 проценти.

Во 2013 година сме имале 0,82 отсто органско земјоделство, а во ЕУ просекот бил 5,7 проценти. И додека во Европската унија органското производство бележи контиуниран раст, кај нас е евидентирано намалување. Во 2014 година биле регистрирани 0,79 отсто, во 2015 година 0,17 отсто, во 2016 година 0,26 отсто и во 2017 година 0,25 проценти.

Интересно е да се нагласи дека само за земјава (како и за Малта) во анализираните површини пасиштата воопшто не се вклучени. „Се брои“ единствено обработливото и земјиштето под повеќегодишни култури, иако според Министерството за земјоделство имаме 550.000 хектари пасишта.

Нема и податоци колку површини од 2012 до 2018 година сме конвертирале или се во фаза на трансформација од конвенционално во органско производство.

На ниво на ЕУ, пасиштата учествуваат со околу 45 проценти од вкупното органско земјиште.

Целосната информација може да ја прочитате на сајтот на МИА.