Економија

Македонија и Србија ќе работат на унапредување на пензиското и инвалидското осигурување

Македонија и Србија ќе работат на унапредување на пензиското и инвалидското осигурување

Македонија и Србија ќе работат на унапредување на соработката, особено во делот на пензиското и инвалидското осигурување.

За ова денеска во Белград разговарале српскиот министер за труд, вработување, боречки и социјални прашања Зоран Ѓорѓевиќ и вршителот на работите во македонската Амбасада Васко Грков.

Како што информираат од српското Министерство, на состанокот се разговарало за можностите за унапредување на идната соработка.

Министерот Ѓорѓевиќ ја истакнал важноста од унапредувањето на билатералните односи на двете земји на сите полиња од заеднички интерес, а станало збор и за размената на искуствата на полето на европските интеграции.

Вршителот на работите во македонската Амбасада посочил дека предлозите ќе ги пренесе до надлежните институции во Скопје, како и дека Србија има партнер во Македонија кој ќе вложи напори да ја унапреди постоечката соработка и да ги издигне билатералните односи на двете земји на повисико ниво.