Економија 20. март 2020. / 22:20

МААК: Пример за светла иднина – на повеќе јазици означено дека тестенините се произведени во Македонија

МААК: Пример за светла иднина – на повеќе јазици означено дека тестенините се произведени во Македонија

Во услови на големата криза, предизвикана од глобалната зараза со корона вирусот, која ги зафати светот и Македонија, големи загуби и штети трпат светската и македонската економија за што проструија идеи и размислувања дека за закрепнување и поддршка на македонското стопанство ќе биде неопходно да се купуваат македонски производи и да се поддржуваат македонски компании, напишаа од МААК на „Фејсбук“.

Токму на ова долги години, како што велат, укажуваме дека клучно за долгорочен раст и напредок на македонската економија и добросостојба е развој на македонско (индустриско) производство на готови производи (со додадена вредност), засновано на суровини обезбедени од македонското земјоделство, поднебје и тло на Македонија, за помали трошоци на производството и поконкурентни производи на домашниот и странските пазари!

„И еве ме еден прекрасен пример кој дава силна надеж дека има светла иднина (од две гледни точки) за МАКЕДОНИЈА:

МАКЕДОНСКИ производ – Тестенини од ОРИЗ, за кои се надеваме и веруваме дека суровината за производство, оризовото брашно е од зрната ориз ожнеани во Македонија од плодните оризници во кои се сее, жнее и вирее оризот во достаточни количини во Кочанското Поле крај Брегалница и во долината на Тополка во Велешко Македонски производ со светски стандарди и изглед и во чекор, дух со побарувачка на современото живеење.

ПРОИЗВЕДЕНО ВО МАКЕДОНИЈА, PRODUCT OF MACEDONIA. Производителот секаде и на повеќе јазици видливо, јасно напишал и означил дека е произведено во МАКЕДОНИЈА! Само Македонија, без никакви додавки. Во услови на присилената изнудена промена на која нѐ приморуваат да „робуваме” посебно им се наметнува во економијата на претпријатијата, производителите, фирмите, простум,, достоинствено и пркосно овој честит производител пласира на нашиот (веројатно и странски) пазар со видливо и јасно напишано и од истакнато наше име – МАКЕДОНИЈА!

Храната е исклучително неопходна и важна за човечкиот опстанок и добро здравје, кое е толку важно особено во овие тековни услови на зарази и болести на глобално ниво, и затоа за производството на храна никогаш нема да има опаѓање на побарувачката и сигурна иднина на долг рок! Македонија има услови и може, од своето тло и поднебје и под своето име да произведува и снабдува и со тоа да имаме општ развој, раст и добросостојба на секое ниво од земјоделците, работниците, трговците до трпезите и задоволните усти на сите потрошувачи! За добар живот, добро здравје и среќа, произведено во МАКЕДОНИЈА!“, објаснуваат од МААК.