Лотарија на Македонија во првите шест месеци од годината, оствари добивка по оданчување од 2,6 милиони денари, соопшти компанијата преку Македонската берза.
Минатата година во истиот период добивката пред оданочување на компанијата изнесуваше 24,6 милиони денари.
Вкупните оперативни приходи во овој период се намалени за 61%, а вкупните оперативни расходи за 9%.