Економија 19. октомври 2018. / 12:40

Лидерите од 50 европски и азиски држави разговараат во Брисел за светските закани во економијата

Лидерите од 50 европски и азиски држави разговараат во Брисел за светските закани во економијата

Лидерите на над 50 земји од Азија и Европа денеска се собираат во Брисел, за да ги разгледааат клучните проблеми во областа на моменталната трговија, односно да дадат поддршка на моменталниот меѓународен поредок, кој е критикуван од американскиот претседател Доналд Трамп.

Дванаесетата средба на врвот на Азија-Европа самитот (АСЕМ) ги собира лидерите на сите 28 членки на ЕУ и претставници на уште 23 други земји од Азија и Европа, вклучувајќи ги и премиерите на Русија, Јапонија и Кина.

Сите овие земји, односно нивните економии, учествуваат со 55% од светската трговија, 60% од населението на Земјата и 65% од светскиот бруто домашен производ.