Економија 04. февруари 2020. / 15:25

Лазаревска: Со СДСМ на власт растат платите буквално во сите области

Лазаревска: Со СДСМ на власт растат платите буквално во сите области

Одговорните политики на СДСМ кои значат инвестирање во човечкиот капитал даваат конкретни и видливи резултати, изјави на прес-конференција, Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ.

Раст на платите има буквално во сите области, и во јавниот и во приватниот сектор. Минималната плата е покачена на 14.500 денари, што е за 60 отсто повеќе во однос на 2017 година кога таа изнесуваше само 9.000 денари. Спиралата на раст на платите предизвика покачување на просечната плата на 25.787 денари, што е за 1.239 денари повеќе отколку во ноември 2018 година и е речиси за 2.600 денари повисока отколку во ноември 2017 година, изјави Лазаревска.