Економија 24. март 2019. / 16:11

Костадинов: Се движиме кон силна економија, невработеноста се намалува а платите растат

Костадинов: Се движиме кон силна економија, невработеноста се намалува а платите растат

Портпаролот на СДСМ денеска испрати соопштение за јавност, за економските политики на СДСМ.

Потврда за тоа дека се движиме кон силна економија се пет клучни економски параметри.

1. Под еден е растот на бруто домашниот производ од 3.7 проценти во последниот квартал од 2018 година.

2. Освен растот на еконономијата, во 2018 обезбеден е рекорден износ на странски инвестиции од 624,5 милиони евра.

3. Трет важен економски параметар кој оди во добра насока: индустриското производство во 2018 е највисок во последните седум години (5.4%).

4. Најголем раст на просечната плата од 8.1% во декември 2018 година (25.784 денари).

5. Платите растат а невработеноста се намалува, на историски најниски под 20%. За неполни две години бројот на вработените е зголемен, отворени се над 26 илјади работни места.

Континуираниот раст на економијата, зголемувањето на инвестициите, индустриското производство, растот на платите и намалувањето на невработеноста покажуваат дека стратешки добро се поставени политиките, се движиме во вистинска насока.

Полноправното членство во НАТО дополнително ги поттикнува инвестициите и економскиот раст, а тоа влијае и на намалување на невработеноста во земјава.

Накусо, напредокот во евро-атланските интеграции носи повеќе пари кај граѓаните, поголеми инвестиции, нови и добро платени работи места, подобар животен стандард.

Растот на економијата носи бројни придобивки за граѓаните, отвора шанса за сите и затоа е важно напредокот да продолжи, пишува во соопштението.