Економија 28. октомври 2018. / 15:42

Костадинов обвинува за хидроцентралите на Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ демантира: Тие не се изградени кога Мицкоски бил функционер

Костадинов обвинува за хидроцентралите на Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ демантира: Тие не се изградени кога Мицкоски бил функционер

– На 1 декември 2015 година, во време кога Мицкоски му бил советник на Груевски, по пат на непосредна спогодба, од Владата на истиот тој Никола Груевски, добил 33 илјади квадратни метри за изградба на хидроцентрала, во Катастарската општина Пехчево. Земјиштето, сопственост на Република Македонија, од Владата на Груевски е доделено на конзорциумот во кој што е и фирмата каде сопственик е Мицкоски, „Енерготек ДОО Скопје”. Ова е класичен судир на интереси. Во тоа време, декември 2015 година Христијан Мицкоски му бил советник на тогашниот премиер на Владата, Никола Груевски, и тоа за енергетика. Ова се шемите на антизападниот пион Мицкоски и неговиот ментор, Никола Груевски, рече Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ експресно одговорија на обвинувањата на СДСМ

„ Единствениот политичар во Европа кој што е аболициран за криминал ги тера своите послушници упорно да лажат и да се обидат да ги изманипулираат граѓаните дека сите политичари се криминалци и нечесни како што е Зоран Заев. Тоа е уште едно потценување и понижување на сопствениот народ!реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Фирмата „Минка-Енерготек“ каде Претседателот, Христијан Мицкоски е косопственик со само 7% од уделот, конкурирала на тендер во 2014 година, кога Христијан Мицкоски не бил советник во владата и од тој факт ни лажговците од СДСМ не може да избегаат.

Портпаролот на СДСМ за сите изречени лаги има пет дена да се извини во соодветен формат во кој што и ги пласираше клеветите против Претседателот, Христијан Мицкоски. Доколку тоа не го стори, истиот ќе се соочи со тужба.

Единствениот аболициран политичар Зоран Заев со ваквите безочни лаги сака да го покрие невидениот грабеж, концесиите и лиценците кои во моментов си ги дели на неговите пајташи Вице и Кочо. Почнувајќи од лиценците за одгледување на марихуана, преку милионските тендери за РЕК Битола и купувањето на „Герас Цунев“ по цена од една гарсониера се само дел од матните бизниси со кои империјата на Заеви за една ипол година го зголеми својот капитал за десетици милиони евра. Заеви си доделија и концесии за ископ на глина и купишта градежни дозволи. За да не остане покус, Кочо Анѓушев си доби тендери, лиценци и концесии со милионска вредност. Општиот грабеж го гледаат сите, а Зоран Заев се обидува да го сврти вниманието на јавноста со испраќање на некој послушник кој нешто ќе излаже и ќе замине дома.
СДСМ е должен да одговори дали е ова цената на распродажбата на државните и национални интереси? Колку Заеви и Кочо Анѓушев го зголемија својот капитал откако се на власт?

Во секоја држава има мафија, само во Македонија мафијата си доби држава. Македонија е единствената држава во Европа во која премиер е аболициран криминалец, човек кој целата македонска јавност го виде како бара поткуп, а само партиското судство на СДСМ не успеа да го види очигледниот криминал на Зоран Заев, !реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.