Естонската Влада, како дел од мерките за борба против пандемијата на Ковид-19 одлучи да ја намали акцизата за дизел гориво од 493 на 372 евра на 1.000 литри, со што ќе се усогласи со нивото во Литванија и ќе го затвори конкурентскиот јаз помеѓу дизел горивото во Естонија и другите две балтички држави што често доведува до извоз од земјата.
Минатата недела, Латвија и во Литванија ги намалија цените на горивата.
Намалувањето не влијае на цените на бензинот, кои во секој случај паѓаат во последните неколку недели, како резултат на падот на глобалната цена на нафтата.
Владата на Македонија ја зголеми акцизата на горивата за три денари и донесе Уредба со важност на закон во која е утврдена нова методологија на пресметка на акцизата на горивата.
Како резултат на зголемувањето на акцизата бензините поскапеа за 3,5 денари по литар, а цената на дизелот се зголемува за 1,5 денар. РКЕ го правдаше зголемувањето на цените со повисокиот курс на доларот во однос на денарот во претходните седум дена и зголемувањето на референтните цени на бензинот во просек за околу 0,9 отсто.
Одлуката за зголемување на акцизата на горивата наиде на незадоволство кај земјоделците, но и кај транспортерите кои најави ја протест за утре на пладне.