Економија

Компаниите од Британија ќе ги објавуваат разликите во платите помеѓу шефовите и работниците

Компаниите од Британија ќе ги објавуваат разликите во платите помеѓу шефовите и работниците

Најголемите јавни претпријатија во Велика Британија наскоро можеби ќе мора да го објавуваат јазот во платите меѓу нивните извршни директори и просечниот работник, пишува „ВВС“.

Британскиот министер за бизнис, енергетска и индустриска стратегија, Грег Кларк рече дека директорите на сите компании со повеќе од 250 вработени ќе треба да ги откријат и објаснат разликите во платите.

Планот е добредојден за активистите за фер плати, бизнисите и инвеститорските групи.

Во последниве години, акционерите беа против платите на извршните директори и гласаа против нивните претерано високи нивоа.

Најголема разила била добиена во сумите што ги добил поранешниот директор на рекламната империја „WPP“, Мартин Сорел.

Но, надоместокот, особено на извршните директори, често е поврзан со цените на акциите.

Според новите правила, покрај објавувањето на платите, компаниите на листата ќе треба да покажат ефект на зголемување на цената на акциите на платите на директорите за да ги информираат акционерите кога гласаат за долгорочните планови за поттик.

Плановите, кои ќе бидат претставени на парламентот се потребни поради постојните загрижености што некои извршни директори добиваат плати кои не се совпаѓаат со перформансите на компанијата.

„Повеќето од поголемите британски компании имаат добри практики, но ги разбираме вработените и гневот на акционерите кога платата на директорите не е во согласност со перформансите на компанијата“, рече Грег Кларк.

Со овој потег, владата се надева дека ќе започне подетална дебата за тоа што е фер, пропорционална плата за работниците на сите нивоа во бизнисот.