Првите пресметки на Владата покажуваат дека доколку се воведе оданочување од 18 отсто на делот од приходите над 1.000 евра, повисок персоналец ќе треба да плаќаат 74.000 граѓани.
Но најголем дел од нив се високо образован кадар и клучен дел од развојниот и технолошки кадар во компаниите. Од МАСИТ веќе отворено се спротиставија на идејата да се покачува данокот, затоа што во последните години со тешки напори успеаа да го намалат малку одливот на ИТ кадри.
Но ако се зголеми, персоналниот данок добар дел од најдобрите информатичари кои воедно и се најплатени најавија дека ќе ја напуштат Македонија. Ова исто се однесува и за електро и машинските инженери ,каде што и сега има недостаток од нив.
А вратите на Запад се широко отворени за нив.