Дигитализирањето на патарините во земјава е во финална фаза.
Денеска во Петровец се монтираа двете кабини на кои наплатата ќе се врши со електронска картичка. Од Скопје до Гевгелија ќе се наплаќа на новиот начин за два месеци, вели директорот на државни патишта Китанов.
Нови патарини на Коридор 8 нема да се градат, туку само ќе се надгради постоечкиот софтвер. Дополнително, со нов заем од ЕБОР ќе се изградат наплатни пунктови на делниците Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид кои претходно не биле проектирани.
Очекувам во февруари да бидат пуштени патарините кај Романовце, Сопот, Отовица, Миладиновци и Петровец да функционираат електронски. На Коридор 8 останува само да се стават камерите за категоризација и читачите за електронските картички, вели Зоран Китанов, директор на ЈП „Државни патишта“.
Картичките се купуваат еднаш и Она што е битно да се напомене е дека промена во цените за наплата нема
Електронската картичка ќе може да се купи на патарините или во нашите простории, ќе може да се купи за износ од, да речеме, некои 500 денари, но во меѓувреме ќе пуштиме во оптек и апликација за мобилен телефон и компјутер со која што самите ќе си ја надополнувате картичката и не мора да одите некаде за да ја наполните, изјави Зоран Китанов, директор на ЈП „Државни патишта“.