Владата се пофали дека реализирала 82 отсто од вкупно планираните капиталните инвестиции за 2020 година.
Но, дури една четвртина од овие инвестиции или 25 отсто од нив биле реализирани во последниот месец од годината, додека за првите 11 месеци реализацијата била само 56,4 осто.
Министерот за финансии Фатмир Бесими не одговори конкретно како е можно да има толкав раст на инвестициите во последниот месец од годината и кои планирани проекти биле завршени.
„Ова е заложба и придонес на тие административни службеници што дадоа се од себе зборувам за тие од финансии што не се тука со нас тимот. Тие до 31 декември во вечерните часови во трезор работеа додека некој почна со домашните слави тие работеа во министерството. Овие 82 проценти се поради тоа што се јавувавме на телефон разговаравме со сите буџетски корисници јас како министер, заменикот, советниците во министерството службениците премиерот лично и сите други раговодители на институции“, рече Бесими.