Седум државни и општински фирми се меѓу 50-те најголеми должници на државата, која само од нив побарува вкупно 13,5 милиони евра.
На листата на Управата за јавни приходи, заклучно со 31 јануари, Македонија пат е најголем должник меѓу државните и општински фирми, а должи 5,1 милиони евра.
Меѓу милионските должници се и комуналните претпријатија од Гостивар и Тетово, како и МРТ, чиј долг е главно по основ на данок на добивка. Следуваат ЈП за стопанисување со објекти за спорт, чиј долг изнесува 800.000 евра, а Општина Карпош должи 680.000 евра.
Меѓу поголемите должници е и МЖ Инфраструктура, чиј долг е по однов на ДДВ и изнесува околу 580.000 евра. Оттаму велат дека причина за долгот се ненаплатените фактурите што ги издале кон МЖ Транспорт во износ од 2,3 милиони евра.
-За таа цел меѓу МЖ Инфраструктура и МЖ Транспорт склучен е Договор за превземање на даночниот долг по основ на ДДВ, со кој Транспорт како превземач на долгот на Инфраструктура ќе го исплаќа даночниот долг кон УЈП континуирано и сукцесивно од нивните месечни побарување по основ на повеќе платен ДДВ.
Тоа значи дека долгот по основ на ДДВ на МЖ Инфраструктура согласно со овој Договор е превземен од страна на МЖ Транспорт кои континуирано и месечно го подмируваат-, пишува во соопштението од МЖ Инфраструктура.