Економија 13. јули 2019. / 11:21

Јавниот долг расте: Владата ќе не задолжи со нови 15 милиони евра

Јавниот долг расте: Владата ќе не задолжи со нови 15 милиони евра

Владата продолжува редовно да се задолжува на домашниот пазар. Министерството за финансии за наредната недела закажа нова аукција на хартии од вредност со која повлече нови 900 милиони денари односно околу 15 милиони евра, пишува Економски.мк.

Она што е посебно алармантно е зголемувањето на долгот на државата кој според проценките на сите светски реномирани институции се очекува да надмине над 50 % што е екстремно опасна состојба.

Истовремено, реализацијата на државните инвестиции во Република Македонија целосно потфрли, согласно објавените податоци на Министерството за финансии. Продолжува рекордно ниското ниво на капитални инвестиции и покрај владините најави дека реализацијата ќе се забрза.