Економија 28. јуни 2020. / 21:28

(ИНТЕРВЈУ) Василевска: Фалат 56 милиони евра во министерството за труд и социјала

(ИНТЕРВЈУ) Василевска: Фалат 56 милиони евра во министерството за труд и социјала

Поранешната министерка за Труд и социјална политика, Мила Царовска, треба да одговори каде завршиле 56 милиони евра од министерството, вели универзитетската професорка Иванка Василевска.

Таа во интервјуто за „Лидер“ вели дека нема ниту трага ниту отчет за тие 56 милиони евра од Министерството, а од СДСМ молчат за снимките од поткуп на гласачи со таканаречените социјални пакети.

Мила Царовска е должна да одговори пред македонските граѓани и македонскиот народ каде завршија 56 милиони евра. Парите си се распределија без никаква контрола. Тоа е скандал од највисоки размери. Гледаме социјални пакети насекаде, гледаме секојдневно како функционираат на терен, излегуваат снимки како се раздаваат тие пакети. Од февруари до денес се поделени 56 милиони евра, пари што ги нема, вели Василевска.

Таа прашува дали неколкуте случаи на предизборен поткуп се платени од тие пари.

Василевска смета дека сиот судир да нема преставник на ВМРО-ДПМНЕ во Министерството за труд и социјала е гокму заради тие 56 милиони евра кои ги нема во Министерството.

Погледнете ги социјалните пакети, што се случи на терен, конфорот со којшто оваа ненародна власт се однесува. Погледнете како молчат. Едно нокте од ова да се случеше во времето на ВМРО-ДПМНЕ овде ќе беше преплавено. Кој знае што ќе се случуваше, вели Василевска.

Професорката зборува и за причините зошто влезе во политиката. За тоа Василевска вели дека случувањата во Македонија по 2016 и 2017 година, ја натерале да излезе од својата зона на комфорт и да се вклучи во политичкиот живот.

Меѓу другото, Василевска во интервјуто за „Лидер“ зборува и за Гоце Делчев и за неговиот национален идентитет. Како егзархиски учител бил најхрабриот борец на македонската револуционерна организација, вели Василевска.